logo
logo
logo

ХИТ СНИМКА ОД Г7 САМИТОТ: Макрон и Мелони си шепкаат, таа превртуваше со очите (ВИДЕО)

Vecer | 17.06.2025

ХИТ СНИМКА ОД Г7 САМИТОТ: Макрон и Мелони си шепкаат, таа превртуваше со очите (ВИДЕО)

Средбата на земјите-членки на Г7 во Канада, освен што беше можност за билатерални и други средби на лидери, повторно беше во фокусот поради реакцијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Пред почетокот на сесијата, камерите го снимија моментот во кој францускиот претседател Емануел Макрон ѝ се приближи на италијанската премиерка и ѝ кажа одредени работи „доверливо“.

Иако светските лидери се обидуваат да ги скријат лицата и она што го зборуваат, Мелони не можеше да ја скрие својата реакција на она што Макрон ѝ го кажа и во еден момент го погледна Макрон, а потоа „преврте со очите“.

Засега не е познато за што разговарале Макрон и Мелони во тие моменти, но сите забележаа како во тие моменти Мелони гледаше во правецот каде што седеше Доналд Трамп.

Италијанската премиерка проговори кратко по состанокот на Г7 и рече дека ја искористила можноста да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Разговаравме за главните меѓународни прашања, со посебен фокус на ситуацијата во Иран и на Блискиот Исток. Исто така, се осврнавме и на прашањето за економските односи меѓу ЕУ и САД, повторувајќи ја важноста од зајакнување на трансатлантската соработка“, рече Мелони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk