Шведската безбедносна служба (SAPO) уапси шведски дипломат осомничен за шпионажа, објави денес шведската телевизија SVT, повикувајќи се на неименувани извори.
САПО соопшти дека привела лице осомничено за шпионажа по операција спроведена во областа на Стокхолм во последните денови, но одби да даде повеќе информации за Ројтерс.
СВТ објави дека осомничениот работел во неколку амбасади низ целиот свет.
Шведскиот министер за правда Гунар Стромер изјави за СВТ дека владата е информирана за апсењето, наведувајќи дека случајот мора да се истражи и дека не сака да коментира пред тоа.
SAPO предупреди во март оваа година дека странските сили дејствуваат на начини што ја загрозуваат безбедноста на Шведска и Европа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата