logo
logo
logo

Поради конфликтот на Блискиот Исток

Унгарија го ЗГОЛЕМИ НИВОТО НА ТРЕВОГА ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ ЗА ЕДНО НИВО

Vecer | 02.03.2026

Унгарија го ЗГОЛЕМИ НИВОТО НА ТРЕВОГА ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ ЗА ЕДНО НИВО

Унгарската влада го зголеми нивото на закана од тероризам во земјата како одговор на војната меѓу САД и Израел против Иран, објави заменик-министерот за внатрешни работи Бенце Ретвари. Затоа повеќе полицајци ќе бидат видливи на клучните инфраструктурни локации, вклучувајќи го аеродромот во Будимпешта и пристапните патишта до главниот град, пишува Дејли њуз Унгарија.

Одлуката беше донесена уште во саботата, 28.02.2026 година.

Зголемени безбедносни мерки

Ретвари објасни дека безбедноста на полициските магацини со оружје ќе биде зајакната и дека се наредени редовни патроли на локации клучни за функционирањето на државата и снабдувањето на населението.

Полицијата ќе има зголемено присуство на главните јавни патишта, местата каде што се собираат голем број луѓе и на терминалите, влезовите и пристапните патишта на меѓународниот аеродром „Ференц Лист“ во Будимпешта, каде што се очекува постојано полициско присуство.

Тој додаде дека службените лица ќе вршат случајни проверки на внатрешните шенгенски граници.

Полициски контроли ќе се спроведуваат и на патиштата што водат до Будимпешта, а ќе се обезбеди зголемена заштита за одредени амбасади, рече Ретвари.

„Нагласувам дека сите овие се превентивни полициски мерки за заштита на мирот и безбедноста на Унгарија и ги молиме граѓаните за трпение и соработка“, рече тој.

Аеродромот, исто така, објави нови мерки.

„Со оглед на конфликтот на Блискиот Исток, унгарската влада го зголеми нивото на терористичка закана и воведе засилени безбедносни мерки за превентивни цели, што го вклучува и меѓународниот аеродром Ференц Лист“, наведоа тие во соопштението за медиумите.

„Како дел од ова, зголемено е полициско присуство во зградите на аеродромот, на влезот и на пристапните патишта. Можни се и случајни проверки на патниците во рамките на Шенген зоната. Аеродромот работи нормално, а патничкиот сообраќај се одвива непречено. Ги молиме нашите патници да ги следат официјалните информации објавени од властите и аеродромот“, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk