Федерален апелационен суд привремено ги врати царините на американскиот претседател Доналд Трамп, еден ден откако трговскиот суд пресуди дека тие ги надминуваат овластувањата дадени на претседателот.
Апелациониот суд на Соединетите Американски Држави за Федералниот округ во Вашингтон привремено ја блокираше одлуката на понискиот суд во четврток, но не даде образложение за одлуката, туку им даде на тужителите рок до 5 јуни да одговорат.
Исто така, трибуналот соопшти дека страните во процесот треба да достават дополнителни аргументи во однос на нивните гледишта.
Администрацијата на Трамп најави дека ќе поднесе жалба на пресудата на Судот за меѓународна трговија во Њујорк, кој ги прогласи речиси сите давачки на претседателот за незаконски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата