Триесет и четиригодишна жена од Дечан и нејзиниот тригодишен син ги загубиле животите во базен во Канада. Веста ја потврди претседателот на општина Дечани, Башким Рамосај.
Тој за Коха изјави дека се сомнева дека детето паднало во базенот на семејната куќа каде што живееле, дека мајката не успеала да го спаси, па двајцата ги загубиле животите.
Трагедијата се случила во населбата Лашин во Монтреал во вторник вечерта. За овој случај зборуваше и претседателот на општина Лашин, давајќи го истиот опис на настанот.
Властите ја потврдија смртта на мајката и детето на самото место.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата