logo
logo
logo

МИСТЕРИОЗНА ПОРАКА НА ТРЕВНИКОТ ВО ВАШИНГТОН, започната итна истрага

Vecer | 12.06.2026

МИСТЕРИОЗНА ПОРАКА НА ТРЕВНИКОТ ВО ВАШИНГТОН, започната итна истрага

Сојузните власти во САД покренаа истрага откако во тревата на National Mall во Вашингтон беше испишан протутрамповскиот слоган „8647“. Слоган е кованица од жаргонот „86“ (исфрлање/елиминирање) и бројот „47“, кој се однесува на Трамп како 47-ми американски претседател. На терен излегоа Парк-полицијата и припадници на Националната гарда, а земени се и примероци од тревата за лабораториско тестирање, пренесува „Индепендент“.

„Секоја закана кон претседателот ја сфаќаме многу сериозно. Овој вандализам нема да се толерира, а сторителите ќе одговараат“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Белата куќа веднаш реагираше, поврзувајќи го инцидентот со низата обиди за атентат врз Трамп од 2024 година наваму. Во изјава за The Independent, оттаму остро ја осудија насилната реторика, порачувајќи им на критичарите „веднаш да побараат психијатриска помош за својот тежок синдром на залуденост од Трамп“.

Инаку, овој код веќе предизвика бура минатиот мај, кога поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, објави фотографија со истиот број испишан на плажа, по што беше обвинет за закани кон претседателот. Ова е само последен во низата герила-протести во главниот град за време на вториот мандат на Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk