logo
logo
logo

Урсула повторно на мета: НОВО ГЛАСАЊЕ ЗА НЕДОВЕРБА

Vecer | 16.09.2025

Урсула повторно на мета: НОВО ГЛАСАЊЕ ЗА НЕДОВЕРБА

Европскиот парламент повторно ќе го разгледа гласањето за недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на пленарната седница на почетокот на октомври.

Одделни барања за ова беа поднесени од две независни политички групи во Европскиот парламент - десничарските Патриоти за Европа и Левицата, минатата недела, два часа откако Урсула фон дер Лајен го одржа својот говор „Состојба на нацијата“ пред ЕП во Стразбур.

Групата Патриоти за Европа ја обвини Урсула фон дер Лајен за недостатокот на транспарентност и одговорност, како и за договорот Меркосур и трговските договори со Соединетите Американски Држави.

Левицата, исто така, ја критикуваше позицијата на Европската комисија во врска со трговските договори, но и за нејзината „неактивност“ во врска со војната на Израел во Појасот Газа, наведува „Политико“ осврнувајќи се на иницијативата поднесена до претседателката на ЕП, Роберта Мецола.

Кон средината на јули беше одржано гласање за недоверба на претседателката на ЕК, иницирано од мала група десничарски пратеници, а потоа двојно повеќе пратеници гласаа за останување на Урсула фон дер Лајен отколку оние што гласаа за нејзино отстранување, додека речиси 200 пратеници воопшто не присуствуваа на гласањето, меѓу нив многумина од редовите на социјалдемократите, либералите и зелените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk