Војната со оружје во Украина и војната со пропаганда за тие настани се две паралелни војни кои се менуваат од време на време во фокусот на јавноста. Колку е Русија воено понадмоќна на теренот, толку и дополнително повеќе е Украина помоќна во пропагандата бидејќи зад неа во тој вид војна стојат најголемите центри за медиуми, социјални мрежи и политички притисок од САД и Европа.
Последниве недели пропагандата за украинската војна зема се поголем замав откако, барем привремено, заврши војната помеѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна.
Во таа војна САД, според угледниот медиум Економист, употребија над 1.200 ракети Патриот (дефанзивни) и околу 1.000 крстаречи (офанзивни) ракети Томахавк што неочекувано ги испразни магацините на НАТО и САД па претседателот Трамп деновиве побара од Конгресот дополнителни 80 милијарди долари за покривање на трошоците од војнат против Иран кои веднаш би се усмериле на производство на нови ракети.
САД за 30 дена војна потроши во Иран повеќе од годишното производство на ракети бидејќи моментално произведуваат околу 600 до 700 ракети Патриот годишно а производителот Локид Мартин (Lockheed Martin) потпиша седумгодишен договор со Пентагон за проширување на производствениот капаците и се очекува производството да скокне на дури 2.000 ракети годишно во наредните години ако се обезбедат доволно пари затоа. А пари, освен од буџетот на САД, треба да се земат и од членките на НАТО како и - од Украина.
Новопроизведен ракетен систем Патриот (THAAD) чини повеќе од една милијарда долари, од кои 400 милиони долари се за системот и 690 милиони долари за ракетите во батеријата, според Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Американската компанија Raytheon (дел од корпорацијата RTX) произведува околу 90 ракети годишно (што е минимум за одржливост на производствената линија). Сепак, поради значителното намалување на испораките за време на тековните конфликти, Пентагон и производителот потпишаа нови договори за зголемување на производството на повеќе од 1.000 ракети годишно. И тие треба да се платат од буџетот ан САД, но и од ЕУ, Канада, Австралија и - Украина.
Кога ќе се погледнат овие факти, објавени од проверени и релевантни западни извори, јасно е дека воениот капацитет со клучните борбени ракетни резерви на САД, по само еден месец војна против Иран, е намален за околу од 30%, а Патриот и Томахавак се основно оружје од тој вид не само за САД туку и за големите членки на НАТО, дополнитлно во употреба и за украинската војска.

Во ситуација кога се води масивна војна во Украина, закана за продолжување на војната на Блискиот исток и најави од Европа за војна на европјаните против Русија, падот на резервите оружје од овој обем - е паничен напад за генералите.
Украина останува без ова моќно оружје па, ако продолжи војната во Украина, без ова оружје воздушната моќ на Русија е практично нограничена бидејќи Германија, Британија и Франција немаат соодветна количества за подршка на Украина на подолг период.
Еквивалент на америкаснката дефанзивна ракета Патриот се руските системи С-400 и С-500. Според западните стручни извори, Русија има арсенал околу 10.000 ракети од системите С300, С400 и С500, и произведува околу 2.000 ракети годишно за нив и сите свои дефензивни системи, и помало количество за новиот систем С500 кој дебитира во украинската војна во постојните воени услови.
Еквивалент во Русија на американската офанзивна ракета Томахавк се повеќе модели, од кои најмногу се застапена ракетата Калибр и Х-101 и Х-102, но и други современи како балистичката ракета Орешник за која, со нејзината брзина 10 маха (десет пати побрза од звукот) и домет од 1.000 до 5.000 километри, се уште нема еквивалент во западното вооружување.
Според украинскитите безбедносни служби обајвено на сајтот Украина дифенс Русија на располагање има 400 крстаречки ракети Калибр и околу 250 ракети Х-101 и Х-102. Годишно произведува околу 200 нови ракети од овие типови, допонително ракети од другите офанзивни системи.
Споредувајќи ги потенцијалите за производство и расположливите оружја од овој вид, а тие даваат предност на теренот и во воздухот, САД и НАТО во моментов немаат капацитет за долгорочно опремување на Украина со моќно оружје без да ја загрозат сопствената безбедност.
Мир кој се посакува, или мир на кој си приморан

Зошто Зеленски и Украина токму сега инсистираат на мир со Русија и ја подигаат пропагандата за своите “нови успеси“ на теренот на толку високо ниво? Ако имаат успеси мирот може да почека, да се потпише кога Укрина би имала подобра положба на теренот.
Но, положбата на теренот последниов месец-два, за кои пропагндата тврди дека Укарина доминира, е следна:
- Украина загуби контрола над три исклучително важни градови: Константиновка, Красни Лиман и Купјанск, а не освои ниту едно позначајно населено место како територијална компензација. Патем, на новоосвоените територии се наоѓаат и најбогатите рудници со ретки минерали во тие области.
- Со падот на Константиновка и Красни Лиман руската војска се доближи на само 10-12 километри до големите градови Славјанск и Краматорск, последни од територијата на Доњецк кои се се уште под украинска контрола, а на другата страна руската војска е на само 18 километри до Запорожје, главниот град на окупирната Запорошката област. Накусо, територијата под украиснка контрола се намалува постојано.

- Украина се соочува со масовно дезертирање во својата војска. До јануари 2026-та укранските власти објавуваа бројки и имиња на дезертерите но, напуштањето на фронтот стана помасовно годинава па тие податоци веќе не се објавуваат. Регрутацијата е насилна и има масовен отпор кај граѓаните.
Според Си-Ен-Ен на почеткот од годинава, украинскиот министар за одбрана извести дека има околу 200.000 војници како одсутни без дозволе (AWOL) или дезертери. Потоа податоците не се објавуваат.
- Власта на Зеленки ја губи довербта кај народот и заглавува во корупциски скандали од најблиските соработници на Зеленски како во случајот со неговиот шеф на кабинетот Андреј Јермак, потоа аферата Мидас и Енергоатом, корупција на поранешниот потпретседател на владата и негов кум Андреј Чернишов... Постојано има информации на социјалните мрежи за корупција вршена од самиот Зеленски и неговото семејство а каналите кои објавуваат се гасат.

Агнцијата Асошиејтед Прес (АП) констатира: „Хроничната корупција е една од пречките што го забавува пристапувањето на Украина во ЕУ“
Што во тие околноти презема Зеленски?
Се бори за западна поддршка по секоја цена. Дел заради сопствената безбедност и иднина, дел за да оствари подддршка за мир под услови кои се подносливи за него, а да не му се случи воен удар или насилно протерување од државата.
Притиска и успева да добие “кредит“ од ЕУ во износ од 90 милијарди евра за наредните пет години кои, во најглем дел, би завршиле назад со купување воена опрема од државите на ЕУ а кредитот, како и секој кредит добиен од сојузник сред војна, секако дека нема никогаш да биде вратен.
Зеленски со Макрон, непосредно пред да се изгласа одобрување на кредитот од 90 милијарди за Украина, договори купување 100 француски воени авиони Рафал за износ од 10 милијарди евра! Франција никогаш порано не продала толку борбени авиони на ниту една држава.
Самата Франција располага со 200 свои авиони во сопствената армија. Испораката на авионите Рафал за Украина ќе биде од 2029. до 2035. година, што значи дека овој договор нема никакво теренско влијание на постојната војна во Украина во догледно време.

Едноставно, Зеленски купува време за себе и поддршка од надвор, особено од политичарите и моќната воена индустрија, со тоа што станува нивни клиент и финансиер користеjќи европски јавни пари добиени на кредит или од грант фондови, а парите во најголем дел не одат кај Украинците.
Дали, во оваа расфралање и трошење десетици милијарди евра, во воени услови и надвор од стандардна контрола, на оние кои се во позиција да заработуваат од војната и од Зеленски им е во интерес брз мир во Украина? Одговорот, кој е едноставен, може да го даде секој.
Токму затоа последниве два месеци е засилена пропагандата за “воени успеси на Украина“ кои на терен ги нема. За да се одржи ентузијазмот во западниот свет и да се контролира спротиставувањето за нови и нови пари за Украина. Се потрошија веќе тезите дека Путин е пред умирање како што објави Њујорк Тајмс уште на почетокот на војната во 2022 и уште чека негов парастос, дека Русија ги потрошила своите ракети па ќе војува со трактори и камиони, дека само што не се случил воен удар и преврат во Русија и потоа нејзина капитулација... па сега се туркаат општи теми.
Дали на Зеленски му одговара што е можно побрзо потпишување на мир и запирање на војната? Да. Неговиот статус, и лично и политички, во Украина е прилично нестабилен и неизвесен. Пропагандата има моќ надвор, далеку од фронтот, но за граѓаните на Украина кои секојдневно се соочуваат со последиците од војната, насилната регрутација, корупцијата, губење на домовите и блиските... сопственото искуство и заклучок се посилни од пропагандата.

Дали на Русија и одговара брз договор за мир? За граѓаните и бизнисот во Русија мирот е секако добредојден, особено ако се поврзан со укинување на санкциите. Никој не може да се радува на војна во која му е загрозена егзистенцијата, а на барем милион руски луѓе на фронтот и животот.
Но, војната, освен економска, егзистенцијална и лична содржина има и политичка компонента. А политиката на Русија, примарно, не е заземање на четири украински области (само Крим има стратешко значење) во околности кога територијата на Русија е огромна, најголема држава во светот.
Ако се уште беше жив големиот американски политичар и стратег Хенри Кисинџер, кој неодамна почина по 100 години живот, ќе имаше прилика и време да ја дообјасни својата теза дека Русија влегува во војна за да се предизвика сериозна промена на светскиот поредок, уривање на западниот левичарско либерален политички систем и економска доминација, а не за просто заземање територија. Дека во тоа не е сама, поддржана е од Кина, Бразил, Индија, дел од Блискиот исток, битни држави во Јужна Америка и повеќе големи држави во остатокот од светот како Индонезија, Пакистан, Виетнам, Малезија... Само последниве четири имаат над 600 милиони жители, пазар и потенцијал колку целата Европска унија.
Дали Русија, и нејзините поддржувачи, сметаат дека е време да се заврши војната во Украина, и дека нивните цели се исполнети, или процесот е се уште во тек? Гледаме од страна, и чекаме. За мирот свој став и влијание, на крај, ќе има и Кина а не само Русија иако нејзина војска е во војната. Дали, токму на крајот од украинската е можна нова војна во која Кина би била субјектот. Да, можна е.

Вреди да се размисли: Кога на Русија, барем приближно, ќе и се остварат целите за оддалечување на НАТО од нејзините граници и наметната воена неутралност врз Украина, како и враќање во полна сила на пазарот... и ќе биде подготвена за потпишување мир со поддршка од САД, дали и Кина ќе биде задоволна само со тоа, или ќе притиска “да се доврши работата“ со уривање на економскиот и финансиски ситем во САД и ЕУ што е нејзина пимарна цел. Дали Кина ќе ја искористи исцрпеноста на САД и ЕУ од војните и внатрешните кризи и ќе реши да се постави себеси како лидер. И, што потоа?
Слободните и несериозни информации и желби дека може да се случи воен пораз на Русија се сметаат за забавни четива. Ниту САД ниту Русија, а ни Кина или големите европски држави со нуклеарен потенцијал како Франција или Велика Британија неможат да бидат воено поразени, да капитулираат и да се растурат или исчезнат како Отоманското царство, Австроунгарија или Југославија без, притоа, да се случи и масивна нуклеарна војна со десетици милиони жртви во само еден ден. Такво финале, доколку се случи, нема да има многу сведоци во остатокот од светот.
Д.П. Латас
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата