НАТО е воен сојуз кој ја обезбедува безбедноста на евроатлантската област и не е дизајниран да спроведува операции во Ормускиот теснец што би го прекршиле меѓународното право, изјави денес француската министерка за одбрана, Алис Руфо.
„Ќе ве потсетам што е НАТО. Тоа е воен сојуз кој се занимава со безбедноста на евроатлантскиот регион. Не е дизајниран да спроведува операции во Ормускиот теснец, што би го прекршило меѓународното право“, рече Руфо на конференцијата „Војна и мир“ во Париз, пренесува Ројтерс.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за британскиот „Телеграф“ изјави дека сериозно размислува за повлекување на САД од НАТО, откако сојузниците не ја поддржаа воената акција на САД против Иран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата