logo
logo
logo

Министерот на Трамп издаде нови упатства: НЕ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМЕ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ И ЗДРАВИ ДЕЦА

Vecer | 27.05.2025

Министерот на Трамп издаде нови упатства: НЕ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМЕ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ И ЗДРАВИ ДЕЦА

Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) објавија дека вакцинацијата против Ковид-19 повеќе не се препорачува за бремени жени и здрави деца, објавија денес агенциите.

Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор во видео обраќање на платформата X изјави дека овие вакцини се отстранети од препорачаната програма за вакцинација на CDC за овие две категории на населението, објави Ројтерс.

Борба за здрава нација

Кенеди, кој долго време е скептичен кон вакцините, е задолжен за реформирање на здравствениот систем за да го усогласи со драстичните намалувања на буџетот на претседателот Доналд Трамп за федералната влада, според агенцијата.

„Сега сме еден чекор поблиску до остварување на ветувањето на претседателот повторно да ја направи Америка здрава“, рече Кенеди.

ЦДЦ претходно препорачуваше вакцини против КОВИД за сите на возраст од шест месеци или постари.

„Време е да продолжиме понатаму“

Студиите спроведени низ целиот свет покажаа дека вакцинацијата против Ковид пред и за време на бременоста е безбедна и ефикасна за бремените жени и нивните бебиња, според веб-страницата на ЦДЦ.

Сепак, комесарот на американската Администрација за храна и лекови, Марти Мекарти, во видео изјави дека нема докази дека на здрави деца им се потребни вакцини против Ковид.

Со пандемијата Ковид-19 зад нас, време е да продолжиме понатаму, соопшти Министерството за здравство.

Производителите на вакцини „Модерна“ и „Фајзер“ сè уште не ја коментираа оваа одлука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk