logo
logo
logo

Светските производители почнуваат со ОТКАЗИ! Трговската војна влијаеше на производството, еве кои сектори најмногу трпат

Vecer | 24.04.2025

Светските производители почнуваат со ОТКАЗИ! Трговската војна влијаеше на производството, еве кои сектори најмногу трпат

Британските производители ќе започнат со отпуштања за неколку недели.

Ова ќе се случи доколку владата во Лондон не ја заштити британската економија од трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп со царини, им порачаа на пратениците водечките индустриски лидери.

Високи извршни директори од британскиот автомобилски, производствен и енергетски сектор ја предупредија комисијата од британски пратеници да очекуваат губење на работни места ова лето, доколку Соединетите Држави продолжат да спроведуваат низа трговски тарифи наметнати од Трамп претходно овој месец, објави Гардијан.

Предупредувањето дојде во време кога британската министерка за финансии Рејчел Ривс патува во САД на првата средба со нејзиниот американски колега Скот Бесант за новиот трговски договор што ќе ги ублажи ефектите од трговската војна на Трамп.

Во спротивно, владата на Велика Британија можеби ќе треба да воспостави шема како во времето на пандемијата за покривање на платите на оние кои најверојатно ќе ги загубат своите работни места ова лето, велат бројките од индустријата.

Главниот извршен директор на британското здружение на производители и трговци на мотори, Мајк Хоус, рече дека „обидите на Трамп да ја разниша глобалната економија, веројатно, ќе имаат сериозно, значајно и непосредно влијание врз врвните британски производители на автомобили кои му служат на американскиот пазар“.

Хејвс рече дека отпуштањата за производителите на автомобили, вклучувајќи ги Ролс-Ројс, Бентли, Астон Мартин и Мекларен ќе бидат последно средство за да се спречат загубите и дека ќе биде „прашање на недели, а не на месеци, пред да започне кратењето на работните места“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk