По пократкиот период на затишје и воздржаност од неочекувани потези и објави на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп повторно привлече големо внимание. Ова се случи по неговото враќање од самитот на Г7, кој го напушти предвреме.
Откако неговата администрација се обидуваше да ја одвои САД од израелските акции против Иран, Трамп сам ги негираше тие тврдења преку неколку објави на својата платформа Truth Social.
Имаме целосна контрола над иранското небо.
Со оваа изјава, тој ја истакна супериорноста на американската воена технологија, потенцирајќи дека САД стојат рамо до рамо со Израел при извршувањето на воените операции.
Трамп отиде и чекор понатаму, тврдејќи дека Соединетите Американски Држави прецизно знаат каде се наоѓа иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи.
Тој е лесна цел, но таму е безбеден – нема да го отстраниме, барем не сега. Не сакаме ракети да бидат истрелани кон цивили или американски војници. Нашето трпение има граници.
Текстот на Трамп кулминираше со порака напишана со големи букви – БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ, која делуваше како дополнително нагласување на неговата определба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата