logo
logo
logo

98 ЗАГИНАТИ, НАД 150 ПОВРЕДЕНИ, СЕ СРУШИЛ ПОКРИВОТ НА ДИСКОТЕКА во Доминиканска Република (ВИДЕО)

Vecer | 09.04.2025

98 ЗАГИНАТИ, НАД 150 ПОВРЕДЕНИ, СЕ СРУШИЛ ПОКРИВОТ НА ДИСКОТЕКА во Доминиканска Република (ВИДЕО)

Во Доминиканската Република синоќа се случи несреќа исто така во ноќен клуб каде има огромен број на загинати. Несреќата се случила во главниот град Санто Доминго за време на концерт на пејачот Руби Перез во ноќниот клуб „Џет Сет“.

Бројот на загинати порасна на 98, а повеќе од 150 се повредени. Несреќата се случи во еден часот по полноќ, кога се урна покривот на дискотеката, пренесуваат медиуми

Меѓу загинатите се и регионалната гувернерка Нелси Круз и поранешниот бејзбол играч Октавио Дотел (51), кој настапувал и во американската МЛБ. Стотици луѓе имало во дискотеката во моментот на несреќата и се стравува дека бројот на жртви ќе расте.

„Џет сет“ е популарен ноќен клуб во Санто Доминго, каде што редовно се одржуваа концерти во понеделник навечер.

Член на бендот на Руби Перес изјави дека клубот бил полн кога се урнал покривот. Перес е снимен како покажува кон покривот помалку од 30 секунди пред тој да се урне.

„Мислевме дека е земјотрес“, изјавија од бендот на Перес

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk