logo
logo
logo

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА БОМБАРДИРАЊЕТО

Vecer | 17.06.2026

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА БОМБАРДИРАЊЕТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Франција денес дека привремениот договор со Иран сè уште не е конечен и предупреди дека Вашингтон би можел да ги продолжи воздушните напади ако не е задоволен од неговото спроведување или ако Техеран, како што рече, не „се однесува соодветно“.

Трамп, според Ројтерс, рекол дека документот постигнат со Иран е меморандум за разбирање, а не конечен договор.

„Тоа е меморандум за разбирање. Ако не ми се допаѓа, ќе се вратиме на пукање и бомбардирање. Ако не ми се допаѓа, ако не се однесуваат правилно, повторно ќе се вратиме на бомбардирање“, рече Трамп на маргините на самитот на Г7.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk