logo
logo
logo

Јапонски научници развија пластика што се раствора во вода за неколку часа

Vecer | 07.06.2025

Јапонски научници развија пластика што се раствора во вода за неколку часа

Јапонски научници развија пластика која се разградува во морската вода за неколку часа, што би можело да биде решение за загадувањето на океаните кое го загрозува морскиот живот.

Експертите долго време експериментираат со биоразградлива пластика, а сега научниците од центарот RIKEN и Универзитетот во Токио развија нов материјал кој се распаѓа многу побрзо и не остава траги.

Во лабораторија во градот Ваку во близина на Токио, тимот демонстрираше како парче пластика исчезна во базен со солена вода откако стоеше околу еден час.

Учесниците не изнесоа детален план за комерцијализација, но лидерот на тимот, Такузо Аида, вели дека истражувањето привлекло значителен интерес, вклучително и од компаниите за пакување.

Научниците ширум светот се тркаат да развијат иновативни решенија за огромниот проблем со загадувањето со пластика, што е истакнато во кампањи како што е Светскиот ден на животната средина на 5 јуни.

Програмата за животна средина на ОН предвидува дека загадувањето со пластика ќе се зголеми тројно до 2040 година, што значи дека дополнителни 23 до 37 милиони метрички тони пластика ќе завршат во светските океани секоја година.

„Децата не можат да ја изберат планетата на која ќе живеат. Наша должност како научници е да им оставиме најдобра можна средина како наследство“, рече Аида.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk