Обединетото Кралство и девет други европски земји се согласија да формираат заедничка морнарица „за да ги одвратат идните закани од Русија на северот од континентот“, изјави шефот на британската морнарица, Гвин Џенкинс.
Како што истакнува Џенкинс, овие сили ќе дејствуваат како „дополнување“ на НАТО, пренесува „Спутник“.
Според медиумските извештаи, договорот за формирање заедничка морнарица го потпишаа: Обединетото Кралство, Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Шведска, балтичките држави и Холандија.
Целта на новите поморски сили ќе биде заедничка обука, а доколку е потребно, тие ќе бидат управувани од штабот на британските вооружени сили.
Според Џенкинс, формирањето на овие сили ќе овозможи, во случај на конфликт, да имаат „вистински капацитети, конкретни воени планови и вистинска интеграција“.
Како што се нагласува, САД нема да бидат дел од овие сили, но се разгледува можноста за учество на Канада.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата