logo
logo
logo

ПАНИКА ВО ГЛАЗГОВ - Итно затворена болница поради сомнение за ЕБОЛА

Vecer | 01.07.2026

ПАНИКА ВО ГЛАЗГОВ - Итно затворена болница поради сомнение за ЕБОЛА

Дел од Универзитетската болница „Кралица Елизабета“ во Глазгов е затворен откако едно лице утрово околу 6 часот се појавило во Единицата за акутен прием. Пациентот моментално се тестира поради сомневање за ебола.

Според извештаите, пациентот неодамна се вратил во градот по посетата на земја погодена од ебола и побарал лекарска помош откако развил загрижувачки симптоми. Сè ова се случува среде епидемија во Демократска Република Конго и Уганда, која Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи за вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење.

За да се намали секаков можен ризик за останатите, Универзитетската болница „Кралица Елизабета“ беше брзо затворена за јавноста. По проценката, пациентот веднаш бил изолиран за тестирање, лекување и дополнителни прегледи. Моментално се спроведуваат тестови за да се потврди дали е заразен со смртоносната и заразна болест, а најверојатно ќе биде тестиран и за низа други можни заболувања, пренесува „Дејли Мејл“ (Daily Mail).

„Лицето дојде во Единицата за акутен прием, каде што луѓето ги упатува нивниот матичен лекар или здравствениот одбор преку бројот 101, за да не мора да доаѓат на ургентниот прием. Тој дел беше брзо затворен и одвоен од остатокот од болницата. Лицето таму беше прегледано, а потоа преместено на друго место во болницата. Верувам дека е ставено во изолација додека се спроведуваат тестовите за да се утврди дали има ебола или нешто друго“, изјавил извор за „Д Нашнал“ (The National).

Друг вработен во болницата изјавил за „Глазгов Тајмс“:

„Самото споменување на зборот ебола предизвикува паника кај луѓето. За тоа размислувате како за болест што се случува некаде на друго место. Болницата има строги протоколи и процедури за постапување во вакви ретки случаи и се чинеше дека сè беше спроведено до најситен детал, но тоа и понатаму е загрижувачки за оние кои тогаш беа на должност“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk