logo
logo
logo

ИРАНСКИТЕ СИЛИ ЈА ПРЕДУПРЕДИЈА морнарицата на САД да не влегува во Ормуз

Vecer | 04.05.2026

ИРАНСКИТЕ СИЛИ ЈА ПРЕДУПРЕДИЈА морнарицата на САД да не влегува во Ормуз

Откако САД најавија дека ја започнуваат операцијата „Слобода“ за безбедно извлекување на бродовите од Ормускиот Теснец, а Централната команда веќе ги објави силите што ќе бидат ангажирани за оваа намена, иранските сили упатија предупредување до американската морнарица да не навлегува во подрачјето на теснецот.

Техеран соопшти дека секое мешање на САД во новиот поморски режим ќе се третира како кршење на примирјето, нагласувајќи дека со Ормускиот Теснец и Персискиот Залив нема да управуваат заблудите на Трамп. Истовремено, претседателот Доналд Трамп потврди дека САД го одбиле иранскиот предлог за завршување на војната во три фази.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk