Нов скандал во Украина: по протестите поради обидите за намалување на овластувањата на антикорупциската агенција, сега е откриен нов скандал со поткуп околу набавката на оружје. Трагите водат сè до владејачката партија.
Во Украина, инспекторите за борба против корупцијата открија нов скандал поврзан со набавката на оружје. Националната канцеларија за борба против корупцијата (NABU), заедно со Канцеларијата на обвинителството за борба против корупцијата (SAP), објавија дека откриле „систематска проневера“ на јавни средства за војската, како и „примање и давање нелегални бенефиции во особено голем обем“.
Станува збор за договори со производители на беспилотни летала кои, според властите во Киев, биле склучени по значително повисоки цени - на штета на државниот буџет на Украина.
Според достапните информации, уапсени се четири лица - меѓу нив, според германската новинска агенција dpa, е и украинскиот пратеник во парламентот Олексиј Кузнецов.
Тој е член на партијата „Слуга на народот“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
30 проценти за мито

Обвиненијата се однесуваат и на некои други лица од јавните служби на градско ниво, како и на членови на Националната гарда. Тие се суспендирани од своите должности, изјави министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко. Осомничените, како што е наведено, склучиле договори за набавка на беспилотни летала за војната по претерани цени, а потоа добиле 30 проценти од износот во форма на мито.

Претседателот Зеленски рече дека е „благодарен“ на антикорупциските тела за нивната работа.
„Не смее да има толеранција за корупција, потребна е јасна тимска соработка за да се разоткрие митото - и на крајот фер пресуди“, рече тој на својот Телеграм канал.
Но, иатражувањата во Укарина покажуваат дека над 90% од граѓаните во поголемите украински градови сметаат дека корупцијата е проблем во нивниот град.
„Важно е институциите да работат независно“. Новоодобрениот закон, усвоен во четврток, ги дава сите можности за тоа, изјавил претседателот Зеленски, силно критикуван дека го распушта телото а контрола на корупцијата токму затоа што неговата партија и власт се смнителни за корупција.
Со тој закон украинскиот парламент ја воспостави независноста на Националната антикорупциска канцеларија и Антикорупциското обвинителство. Само недела дена предходно , по наредба на Зеленски, двете антикорупциски институции беа ставени под надлежност на Државното обвинителство. Тоа предизвика протести во земјата и критики од Европската Унија минатата недела, па за недела дена Зеленски мораше да ја повлече сопствената одлука.
105-то место од 180 на индексот на транспарентност

Корупцијата и злоупотребата на средства се широко распространети во Украина. Од почетокот на рускиот напад пред повеќе од три години, веќе се откриени неколку случаи на корупција во армијата и Министерството за одбрана.
Поради ова, ЕУ неколку пати побара од Украина да спроведе реформи ако сака да постигне членство во Унијата. Во тековниот индекс на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, Украина е на 105-то место од вкупно 180 земји. Западната помош во борбата против Русија исто така редовно исчезнува преку невидливи канали.
Украина, и пред војната со Русија, беше една од најкорумпираните држави во Европа. Војната, според статситиката на европските институции кои следат степен ан коруоција, со почнувањето на војната се случува експлозија на зголемена корупција во државата и тоа во време кога во Украина од САД, ЕУ и други проукарински држави и се исплаќаат на джавната сметка и до 50 милијарди долари годишно.

Американскиот претседател на САД, Доналд Трамп, објави на социјалната мрежа Truth Social фотографија на која се потсмева на финансирањето на Киев од страна на претходниот претседател на САД, Џо Бајден.
Сликата е насловена „Како функционираат Бајденовите“. Илустрацијата го прикажува Бајден до бела табла со петте фази на наводната корупциска шема на семејството Бајден за перење пари преку Украина.

Ве потсетуваме дека во октомври 2020 година, весникот „Њујорк пост“ објави серија е-пораки упатени до Хантер Бајден, во кои се наведува дека тој го претставувал својот татко, тогашниот потпретседател на САД, пред неговите работодавци во украинската компанија Бурисма. Трамп тврдеше дека Хантер добил милиони долари за лобирање и „продажба“ на пристап до неговиот татко.
Кореспонденцијата била пронајдена на лаптопот на Хантер, кој бил оставен во сервис за поправка во Делавер. Лаптопот подоцна станал извор на скандалозни лични фотографии од синот на претседателот, на кои се гледа со дрога и проститутки. Против Хантер Бајден се покренати неколку кривични постапки, вклучително и случаи на неправилности во складирањето оружје.
Бајден го помилува својот син и покрај неговите ветувања
На 1 декември, околу два месеци пред промена на власта во САД, Џо Бајден потпиша извршна наредба со која го помилува својот син Хантер, наведувајќи дека одлуката е мотивирана од неговото верување во неправдата на обвинителството. Иако претходно изјави дека нема да го помилува својот син, одлуката на Бајден предизвика критики. Трамп го нарече помилувањето злоупотреба на моќ и кршење на правните норми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата