Неколку ката од Пентагон се евакуирани денес откако беа откриени потенцијално опасни материјали во воздухот, соопшти локалната противпожарна служба, додека CNN, повикувајќи се на извори, рече дека станува збор за „лажна тревога“.
Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека системите на Пентагон откриле присуство на потенцијално опасни материјали во воздухот, што барало мерки на претпазливост.
Парнел нагласи дека Пентагон спроведува стандардни безбедносни протоколи, вклучително и евакуација на вработените.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата