logo
logo
logo

ПУТИН ПОДГОТВЕН за СРЕДБА со ЗЕЛЕНСКИ, ова се условите

Vecer | 23.04.2026

ПУТИН ПОДГОТВЕН за СРЕДБА со ЗЕЛЕНСКИ, ова се условите

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се сретне со претседателот Володимир Зеленски, изјави вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „Киев индепендент“.

Истиот ден, Зеленски повика на обновување на тристраните мировни разговори меѓу Украина, Русија и САД. Преговорите за ставање крај на војната во Украина се во застој бидејќи САД го пренасочуваат фокусот кон војна со Иран.

Иако Русија јасно стави до знаење дека продолжувањето на дијалогот не е врвен приоритет, Песков рече дека Путин би се сретнал со Зеленски, но под одредени услови.

„Путин изјави дека е подготвен да се сретне во Москва во секое време. Клучно е да постои причина за средбата, таа да има цел, и, најважно, да биде продуктивна. Може да служи само за финализирање договори“, изјави Песков

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk