logo
logo
logo

ОДЛУКАТА Е ДОНЕСЕНА: Камала Харис нема да се кандидира

Vecer | 30.07.2025

ОДЛУКАТА Е ДОНЕСЕНА: Камала Харис нема да се кандидира

Поранешната демократска потпретседателка на САД, Камала Харис, нема да се кандидира за гувернер на Калифорнија, објави денес нејзината канцеларија.

„Сериозно размислував да побарам од луѓето на Калифорнија привилегија да служам како нивен гувернер. Ја сакам оваа држава, луѓето. Тоа е мојот дом. Но, по длабоко размислување, решив да не се кандидирам за гувернер на овие избори“, рече Харис, пренесува Ројтерс.

Таа рече дека нема да се кандидира на претстојните избори, но не ја исклучи можноста да се кандидира во 2028 година.

„Се радувам што ќе им помогнам на избраните демократи низ целата земја да се борат без страв и ќе објавам повеќе детали за моите планови во наредните месеци“, додаде таа.

Бидејќи сегашниот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, не може да се кандидира за реизбор, бидејќи ја држи функцијата од 2019 година, демократите кои се кандидираат за гувернер на државата се Ксавиер Бесера и Кејти Портер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk