logo
logo
logo

АКО НЕМА ДОЖД, ТИ НАПРАВИ ГО! Во Дубаи ЧУДО невидено, врнежи истураат како како од кабел со ПОМОШ на нови технологии (видео)

Vecer | 30.07.2021

АКО НЕМА ДОЖД, ТИ НАПРАВИ ГО! Во Дубаи ЧУДО невидено, врнежи истураат како како од кабел со ПОМОШ на нови технологии (видео)

Обединетите Арапски Емирати прават дожд со помош на дронови и тоа на многу интересен начин.

Имено, тие пуштаат дронови во облак, кои потоа испуштаат електрично празнење и сето тоа како био ја разладиле спаренста која оди и до 50 степени, пишува Дејли Мејл.

Дождот кој е “направен“ со помош на дронови работи на следен принцип: Електричен шок се испушта во облакот, потоа тој ги “тера“ тиа да се збијат сите заедно и на тој начин призведуваат врнежи.

ОАЕ се една од најсушните земји во светот, со што постои надеж дека оваа техника ќе помогне за зголемување на врнежи на годишно ниво.

Како стојат работите, методот работи.

Националниот центар за метеорологија при ОАЕ објавил снимка на која се гледа врнежи слични на монсуниски дождови, како и плускови и водопади по патот.

Од центарот велат дека врнежите се зголемени благодарение на техниката која е позната по името "cloud seeding" односно “осеменување“ на облак каде што тие се модифицираат, а целта е да се зголеми кондензацијата со надеж дека тоа ќе потикне провала на облакот.

“Осеменувањето“ на облаци е дел од операцијата на самата држава која одвоила 15.000.000 долари да се собере дожд во земја боја е во топ 10 насушни земји со просечни врнежи од само 78 милиметри годишно.

Истражувањата наголемо траат, како и некој други алтернативни методи кои би помогнале на земји со ниска стапка на врнежи. Дождот го “прават“ користејќи дронови кои ги водат експерти од Ридинг Универзитетот во Велика Британија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk