logo
logo
logo

ПРЕГОВОРИТЕ ПРОПАДНАА? Иран не испрати делегација, примирјето истекува утре

Vecer | 21.04.2026

ПРЕГОВОРИТЕ ПРОПАДНАА? Иран не испрати делегација, примирјето истекува утре

Ниту една иранска делегација досега не отпатувала за Пакистан за да учествува во новиот круг разговори со Соединетите Американски Држави, објави агенцијата „Анадолија“ повикувајќи се на информација од иранскиот државен сервис „ИРИБ“. Официјалниот извештај децидно ги демантира меѓународните медиумски написи, нагласувајќи дека во Исламабад не е пристигната ниту главната, ниту која било помошна или секундарна делегација. Телевизијата ги оцени како невистинити информациите дека биле закажани конкретни термини за преговори во текот на понеделникот или вторникот.

Иранската страна останува на ставот изнесен уште во неделата вечерта, според кој понатамошното учество во какви било разговори зависи исклучиво од промената на однесувањето на Американците. Официјален Техеран јасно порача дека одбива да преговара под сенка на закани.

Овој застој доаѓа во критичен момент, со оглед на тоа што 14-дневното примирје, кое беше договорено со посредство на Пакистан, истекува веќе во среда.

Ситуацијата дополнително ја отежнува цврстиот став на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека е сосем малку веројатно дека ќе го продолжи примирјето. Тој нагласи дека поморската блокада ќе остане во сила сè додека не се постигне конечен договор за траен прекин на војната која започна на 28 февруари.

Иако дипломатските напори во Исламабад продолжуваат, неизвесноста околу новиот круг преговори останува висока додека часовникот отчукува до истекот на прекинот на огнот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk