Денес во Брисел, главниот град на Белгија, избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестите против планираните реформи во образовниот систем, објавија белгиските медиуми.
Повеќе од 1.000 луѓе, претежно млади демонстранти, се собраа пред Централната станица во Брисел за да протестираат против планираните реформи во образованието во франкофонската федерација Валонија-Брисел, а низ целиот белгиски главен град беа пријавени судири и немири.
Демонстрантите запалија барикади и велосипеди во близина на Централната станица Брисел, додека инциденти и немири беа пријавени и на станицата Сен-Гидон во Андерлехт.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата