Светската здравствена организација прогласи меѓународна здравствена тревога поради ширењето на ебола во Демократска Република Конго, каде бројот на сомнителни случаи надмина 900, а веќе се потврдени 204 починати. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека епидемијата брзо се шири и покрај засилените контроли.
Дополнителна загриженост предизвикува фактот што епидемијата е предизвикана од сојот Бундибугио, за кој во моментов нема ниту вакцина ниту лек, а смртноста изнесува околу 50 проценти. Локалните власти прогласија епидемија во средината на мај, а СЗО стравува од полошо сценарио со оглед на тоа што овој вирус историски гледано има стапка на смртност и до 90 проценти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата