Главниот град на Русија е нападнат од беспилотни летала, а руската воздушна одбрана е во акција, според руските медиуми, повикувајќи се на градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Градоначалникот потврди дека досега се соборени 11 беспилотни летала.
Според руските медиуми, експлозии се пријавени во голем број московски области во центарот и југозападот, а небото над Москва е целосно затворено.
Некои летови до Москва се откажани, а аеродромот Шереметјево е затворен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата