Првиот човек на Америка организираше свечена вечера во Белата куќа во чест на престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман, каде што беше домаќин, меѓу другите, и на Кристијано Роналдо.
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата е член на Сауди Ал Наср веќе три години, а на вечерата се појави со својата свршеница Џорџина Родригез.
Во пресрет на церемонијата во Белата куќа, Роналдо и Џорџина имаа можност да поминат време со претседателот на Соединетите Американски Држави, а во таа пригода фудбалерот го доби клучот од Белата куќа од Трамп.
Доналд Трамп денес објави видео генерирано од вештачка интелигенција на кое игра фудбал со Кристијано Роналдо во Белата куќа. Трамп играше фудбал со Роналдо во Белата куќа, но само во дигитална реалност.
„Роналдо е одличен човек. Убаво е да го запознаам во Белата куќа“, напиша Трамп.
По свечениот дел од церемонијата, Роналдо и Џорџина имаа можност да се дружат со бројни познати личности.
Во текот на вечерта, познатиот фудбалер и неговата подобра половина направија интересно селфи, на кое, меѓу другите, се и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, како и сопственикот на Тесла, Илон Маск.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата