logo
logo
logo

Се огласи Трамп: „They spit, we hit“ (ВИДЕО)

Vecer | 08.06.2025

Се огласи Трамп: „They spit, we hit“ (ВИДЕО)

Националната гарда на Калифорнија пристигна во Лос Анџелес, откако беше испратена таму од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, поради дводневните протести на стотици луѓе против имиграциските рации спроведени како дел од тврдокорната политика на Трамп.

На видео снимки од недела наутро, десетина членови на Националната гарда се редат пред зградата на федералната влада во центарот на Лос Анџелес, каде што беа однесени притвореници од имиграциските рации спроведени во петокот, што предизвика протести во саботата.

Во недела попладне по локално време, членовите на Националната гарда се судрија со демонстрантите.

Отприлика во исто време, Трамп се обрати на печатот.

„Ако видиме опасност, ќе одговориме силно, многу силно. Сè мора да биде подредено на законот и редот. Подготвени сме да испратиме кого и да ни треба за да се осигураме дека редот се почитува.

Ќе ја следиме ситуацијата - ако нашите луѓе бидат плукнати, ако полицајци или војници бидат нападнати, ќе следи одговор. Јасно им кажав: никој нема да плука по нашата полиција или нашата армија неказнето. Ако тоа се случи, одговорот ќе биде многу, многу силен“, рече Трамп додека се обраќаше на новинарите. „Тие плукаат, ние удираме“, "They spit, we hit" рече Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk