Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата собраа бројни основи за апсење на сопругата на Владимир Зеленски, Oлена, изјавија за „Спутник“ руските безбедносни агенции.
„НАБУ и САП во моментов ја завршуваат истрагата за сопругата на лидерот на киевскиот режим, Oлена Зеленски. Антикорупциските агенции имаат доволно основи да ја притворат сопругата на Зеленски. Во моментов се донесува одлука за тоа која кривична постапка прво да се покрене“, рече изворот на агенцијата.
Според него, оваа информација не е тајна за Зеленски, кој ја зајакнал безбедноста на своето семејство и почнал да се „ценка“ со западните партнери.
„Украинските политички стратези препорачуваат нивниот „шеф“ формално и јавно да се разведе, а медиумите да го шират наративот дека Олена всушност не го видела својот сопруг од 2019 година. Самиот Зеленски ја гледа оваа ситуација исклучиво во однос на оштетување на имиџот“, објасни тој.
Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата на Украина на 11 мај објави дека поднело обвинение против поранешниот шеф на украинската претседателска администрација, Андриј Јермак, за перење пари за време на изградбата на луксузни станбени згради во близина на Киев.
Во четврток, Високиот суд за борба против корупцијата на Украина нареди Јермак да биде притворен со можност за плаќање кауција од 3,1 милиони долари. Јермак, од своја страна, изјави дека нема такви средства и дека неговата одбрана ќе поднесе жалба.
На први мај, Јулија Мендел, поранешна портпаролка на Зеленски изјави дека сопругата на лидерот на киевскиот режим, Владимир Зеленски, Оелена Зеленска, би можела да се појави во тајни аудио снимки направени од Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ).
Како што рече таа, утре еден од пратениците на Рада има намера да открие нови снимки, во кои би можел да се појави и гласот на сопругата на шефот на киевскиот режим.
Мендел, исто така, изјави дека самиот Зеленски, кој се појавува на снимките под прекарот „Вова“, е споменат во нив како учесник во зделката и сопственик на една од четирите огромни луксузни вили што се градат во предградијата на Киев.
Таа, исто така, споменува седум милијарди долари „инвестирани“ во украинска компанија за производство на дронови во сопственост на пријателите на Зеленски.
„Од таа сума, 20 проценти, или речиси милијарда и пол долари, требало да бидат чиста добивка за внатрешните лица: внатрешниот круг на Владимир Зеленски и министрите што тој лично ги назначил“, наведува Мендел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата