Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денес мора да има „бистра глава“ пред самитот на лидерите на Европската Унија во Копенхаген, кој, според него, ќе биде како „борба во кафез“.
Орбан на Фејсбук изјави дека европските лидери, вклучувајќи ја и претседателката на Европската комисија и премиерите на Полска и Шведска, вршат притисок врз Унгарија да го поддржи членството на Украина во ЕУ, објави МТИ.
Тој оцени дека ваквите барања се „злокобни знаци“ што покажуваат дека Европа прави големи чекори кон војна.
„Војната во Украина не е наша војна“, рече Орбан, нагласувајќи дека во Европа нема едногласен став за членството на Украина и дека таков договор „не може да се постигне без Унгарија“.
Тој додаде дека Унгарија нема да испраќа пари до Киев додека земјата е управувана од „патриотска влада“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата