Во петок, 9 мај, францускиот претседател Емануел Макрон го посети Киев, придружуван од германскиот и британскиот премиер, Фридрих Мерц и Кир Стармер, за да изрази поддршка за Украина и да му предложи примирје на Владимир Путин.
На ноќниот воз што ги однесе до Украина, тројцата лидери зборуваа лежерно, а потоа го покажаа своето соучесништво пред фотографите, кои го придружуваа ова тајно патување.
Фотографиите од средбата на тројцата лидери во ноќен воз беа искористени за да се поддржи апсурдната теорија на заговор, која беше побиена со снимки со висока резолуција.
Тие фотографии, честопати споделувани со лош квалитет, поттикнаа луди теории на заговор на социјалните медиуми. Така, некои корисници, кои ширеа содржина во корист на Владимир Путин, тврдеа дека тројцата лидери консумирале кокаин заедно.
-Не, Емануел Макрон не го криел кокаинот што го земал со Фридрих Мерц и Кир Стармер во возот за Киев, пишува Факчекерот на франуцски Либерасион
„Кокаинот ќе го одлучи резултатот од Третата светска војна“, наводно се загрижил еден од нив. Како доказ, тие се повикуваат на видео снимка за која тврдат дека го покажува Емануел Макрон како дискретно вади сомнителна бела кеса од маса.
Според овие теории, Фридрих Мерц наводно дури имал лажиче за консумирање дрога. Овие обвинувања се вклопуваат во наративот дека западните елити се корумпирани и неодговорни кон војната.
Секако, тоа не е вистина.
Сепак, француските медиуми ги отфрлија „теориите на заговор“, а публикации како „Либерасион“ наведуваат дека предметот бил едноставно завиткана марамица.
Фотографиите и видеата со висока резолуција, направени од агенции како што се AFP или AP, покажуваат дека мистериозната бела кеса е всушност згужвано марамче што било на масата пред да влезат во кабината.
„Овие обвинувања за заговор се вклопуваат во наративот дека западните елити се изопачени и пристапуваат кон војната несвесно.“
Наводната лажичка за шмркање повеќе личи на мешалка за пијалак или чепкалка за заби, која германскиот канцелар можеби ја вртел во рацете.
Ова исто така објаснува зошто двајцата лидери сакаа тие предмети да не се појават на официјалните фотографии од состанокот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата