logo
logo
logo

КУБА Е СЛЕДНА! Трамп влезе во серија на војни и државни удари

Vecer | 28.03.2026

КУБА Е СЛЕДНА! Трамп влезе во серија на војни и државни удари

Трамп излезе на избори со ветување дека САД нема да влегуваат во нови војни и насилно да осборуваат влади како што се правело претходно, напротив, дека за кратко време ќе ја заврши војната во Украина. 

Но, се случува спротвното. Војната во Украина тече како и порано. САД го коднапираше претседателот на Венцуела Мадуро и се согласи да дојде нова власт впо избор на Вашингтон. Војната во Иран е следна во обидот да се смени власта во таа држава.

Иранската војна не ни завршила а Трамп најави следна цел, нова држава, во која тој ќе ја смени власта.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека „Куба е следна“ за време на говорот на инвестициски форум во Мајами, истакнувајќи ги успесите на американските воени операции во Венецуела и Иран.

Иако не прецизираше точно што планира да направи со островската нација, Трамп постојано нагласуваше дека верува оти владата во Хавана, соочена со тешка економска криза, е на работ на колапс.

Неговата администрација отвори преговори со делови од кубанското раководство во последните недели, додека самиот Трамп посочи дека воената опција не е исклучена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk