logo
logo
logo

ПРИСЛУШУВАЊЕ НА МИНИСТЕР Е СЕРИОЗЕН НАПАД ВРЗ УНГАРИЈА: Орбан бара истрага за прислушувањето на Сијарто

Vecer | 23.03.2026

ПРИСЛУШУВАЊЕ НА МИНИСТЕР Е СЕРИОЗЕН НАПАД ВРЗ УНГАРИЈА: Орбан бара истрага за прислушувањето на Сијарто

Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара итно отворање истрага за да се утврди кој го прислушувал шефот на дипломатијата Петер Сијарто.

„Постојат докази дека унгарскиот министер за надворешни работи бил прислушкуван, а имаме и индикации кој може да стои зад тоа. Ова мора веднаш да се истражи“, напиша Орбан.

Порталот „Мандинер“ објави аудио снимка од новинарот Саболч Пањи, кој изјавил дека на странски агенти им дал два телефонски броеви на Сијарто, со што овозможил да се следат неговите разговори. Пањи го потврдил разговорот. Објаснил дека сакал да спореди информации од безбедносна служба на членка на ЕУ за истражувачката тема дека Сијарто ѝ давал доверливи информации на Русија.

„Мандинер“ додава дека Пањи е новинар во Direkt36 и пишува за варшавскиот портал Vsquare.org, кои се финансирани од САД, со учество на агенцијата за меѓународна помош УСАИД и Фондацијата Отворено општество на Џорс Сорос.

Вашингтон пост, повикувајќи се на европски безбедносен извор, во саботата објави дека Сијарто со години и редовно на паузите од состаноците на ЕУ му се јавувал на својот руски колега Сергеј Лавров за да го информира итно за дискусиите. Сијарто го отфрли извештајот како лажна вест.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk