logo
logo
logo

ОРБАН ЗАГРМЕ: МРТВА Е

Vecer | 18.12.2025

ОРБАН ЗАГРМЕ: МРТВА Е

Орбан, по пристигнувањето на самитот на ЕУ, повторно им изјави на новинарите дека финансирањето на Украина од заедничкиот кредит на ЕУ не е прифатливо за Унгарија.

„Значи, мислам дека ова прашање е мртво. Можеби ќе се обидат повторно, но нема шанси предлогот да добие мнозинство. Сметам дека тоа е надвор од дневниот ред, иако може да дојде до некакви активности. Мораме повторно да започнеме со целото прашање и да се преиспитаме како понатаму. Сè уште не знаеме дали ќе се појават други предлози што ќе ја заменат мртвата, потрошена идеја“, рече Орбан.

Тој потсети на унгарскиот Устав, во кој во еден член е наведено дека унгарската влада може да позајмува пари што создаваат обврска за плаќање за Унгарија само доколку тоа го одобри парламентот.

„Јас немам такво овластување и не верувам дека кој било премиер во Унгарија некогаш ќе добие овластување од парламентот да ја задолжи Унгарија. Затоа, за Унгарија, патот на финансирање на Украина од заеднички кредит апсолутно не е можен“, рече Орбан.

Тој нагласи дека неговата цел е на денешниот самит на ЕУ да се преземат чекори кон мир, а не кон војна.

ЕУ има намера да искористи 210 милијарди евра замрзнат руски имот како основа за заем за Украина, бидејќи без финансиска помош Украина ќе остане без пари во вториот квартал од следната година и најверојатно ќе ја изгуби војната со Русија, што во ЕУ предизвикува страв од можна руска агресија врз Унијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk