logo
logo
logo

Пристигна првата реакција од Русија: „Ако НАТО го затвори небото над Украина, ТОА ЗНАЧИ ВОЈНА СО НАТО“

Vecer | 15.09.2025

Пристигна првата реакција од Русија: „Ако НАТО го затвори небото над Украина, ТОА ЗНАЧИ ВОЈНА СО НАТО“

Откако полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, претходно во интервју за „Киев Индепендент“ спомена дека се разгледува идејата НАТО да го затвори воздушниот простор над западна Украина, пристигна реакцијата на Русија.

За потсетување, Сикорски рече дека идејата за затворање на дел од украинскиот воздушен простор со користење на системите за воздушна одбрана на НАТО се преиспитува по рускиот напад врз Полска минатата недела.

- Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, беше првата личност со која комуницирав кога започна руската операција против Полска. Тој ја потврди оваа понуда и мислам дека претседателот Путин сега ја охрабри оваа идеја, бидејќи заедно управуваме со нашиот простор и мислењето се движи кон таа идеја - рече Сикорски.

Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, рече дека спроведувањето на оваа идеја, што би значело зона на забранети летови над Украина и можност земјите од НАТО да соборуваат руски беспилотни летала, всушност би започнало војна меѓу НАТО и Русија.

- Сериозно, спроведувањето на провокативната идеја на Киев и другите идиоти за создавање „зона на забранети летови над Украина“ и дозволување на земјите од НАТО да ги соборуваат нашите беспилотни летала ќе значи само едно нешто, војна на НАТО со Русија - напиша тој на својот Телеграм канал.

Тој исто така додава дека европската иницијатива „Источна стража“ го забавувала.

- Се чини дека ова е сè што останало од Коалицијата на волјата - рече Медведев.

Конечно, тој коментираше за фактот дека естонскиот министер за одбрана Хано Певкур пристигна во посета на Украина.

- Естонскиот министер за одбрана пристигна во Киев. Тоj се заканува. Колку е помала земјата, толку повеќе нејзините лидери се склони кон агресија и глупост - заклучи Медведев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk