Денес во Минхен, британскиот премиер Кир Стармер ја потврди посветеноста на Велика Британија кон Член 5 од НАТО, според кој нападот врз една членка е напад врз сите, и нагласи дека, доколку е потребно, земјата веднаш ќе дојде на помош.
Стармер вети посветеност на Член 5, еден од основачките принципи на НАТО, во кој се наведува дека нападот врз една членка е напад врз сите.
„Затоа им велам на сите членки на НАТО, нашата посветеност кон Член 5 сега е подлабока од кога било, и не се сомневајте дека, доколку биде повикана, Велика Британија ќе дојде на помош денес“, рече Стармер.
Тој додаде дека Европа мора да застане на свои нозе.
„Тоа значи да се биде похрабар, тоа значи да се отфрли ситната политика и краткорочните грижи. Тоа значи да се дејствува заедно за да се изгради посилна Европа и поевропско НАТО“, заклучи Стармер во Минхен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата