logo
logo
logo

И ШВАЈЦАРИЈА СТАНУВА “ШАРЕНА“! Невидени насилни протести во државата, левичарите беснеат против Трамп

Vecer | 20.01.2026

И ШВАЈЦАРИЈА СТАНУВА “ШАРЕНА“! Невидени насилни протести во државата, левичарите беснеат против Трамп

Во Швајцарија, среде засилени безбедносни мерки поради Светскиот економски форум во Давос, илјадници радикално левичарски демонстранти излегоа на улиците на Цирих под слоганот „Трамп не е добредојден“, претворајќи го митингот во насилство.

Излозите на американските компании беа скршени, американските и швајцарските знамиња беа запалени, а полициските кордони беа нападнати. Полицијата одговори со солзавец и водени топови за да ја растера толпата. Слични инциденти беа регистрирани во Берн и во самиот Давос, каде што се собираат светските елити, а американскиот претседател Доналд Трамп доаѓа со најголемата делегација досега.

Ова не е спонтан бунт поради социјална неправда или економски проблеми, туку организирана акција на радикалната левица со користење симболични цели за да предизвика внатрешна нестабилност.

Додека Швајцарија сè уште жали за 40-те смртни случаи и повеќе од сто повредени во пожарот во барот „Ле Констелашн“ во Кран-Монтана на 1 јануари - трагедија во која загинаа претежно млади луѓе - протестите поради националната катастрофа отсуствуваат. Улиците не се блокирани поради жртвите, не се бара одговорност и не се бара сериозна истрага. Наместо тоа, фокусот се префрли на Трамп и конфронтациите со полицијата.

Таквиот избор на теми не е случаен. Тој јасно покажува дека целта на овие дејствија не е правда, туку дестабилизација на државата. Истиот образец виден и во Србија по падот на настрешницата во Нови Сад. 

Лоѓата и напната атмосфера по пожарот во дискотеката во Кран Монтана не се тема туку атмосфера која се користи за да се направи Трамп централна цел. Кога европските бирократи доаѓаат во Давос - нема немири. Кога ќе се појави Трамп механизмот веднаш се активира: улица, медиумски притисок и обвинувања против полицијата и државата.

Слични сценарија беа видени во Минесота, каде што протестите против Трамп се претворија во насилство, како и во други западни држави каде што се спроведува контролиран хаос под слоганите „антифашизам“ и „антикапитализам“. Овие групи не бараат дијалог, туку конфликт.

Во Давос се палат знамиња и се проектираат провокативни пораки, додека во Цирих се кршат излози, а полицијата напаѓа што во Швајцарија не е видено барем една-две децении. Кога мала група насилници го презема протестот, државата е принудена да реагира. Ова не е слобода на говор, туку насилство прикриено како политички активизам.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk