Откако Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина, првата реакција дојде од Израел, а дојде од министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир.
Бен-Гвир најави дека на следниот состанок на кабинетот ќе го постави прашањето за анексијата на Западниот Брег како одговор на признавањето на палестинска држава од страна на Велика Британија, Канада и Австралија.
„Признавањето на палестинска држава од страна на Велика Британија и Канада, како награда за убијците на Теукба, бара итни контрамерки: итно спроведување на суверенитетот во Јудеја и Самарија (Западен Брег, ур.) и целосно уништување на палестинската терористичка власт“, рече Бен-Гвир.
Силите на Теукба се елитна единица на Хамас која го предводеше нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.
„Имам намера да поднесам предлог за спроведување на суверенитетот на претстојниот состанок на кабинетот“, нагласи Бен-Гвир.
Наративот на партијата на Бен-Гвир е дека не постои палестински народ или палестинска држава и дека земјата му припаѓа исклучиво на Израел.
Порано овој месец, министерот за финансии Безалел Смотрих презентираше предлог Израел да анектира 82 проценти од Западниот Брег во обид да се спречи создавањето палестинска држава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата