logo
logo
logo

Словачка бара поврат на 3 милијарди евра од Украина преку ПРИСТАП ДО МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, по примерот на САД?

Vecer | 25.05.2025

Словачка бара поврат на 3 милијарди евра од Украина преку ПРИСТАП ДО МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, по примерот на САД?

Словачката национална партија (СНС), членка на владејачката коалиција во Братислава, објави дека ќе побара од премиерот Роберт Фицо да покрене постапка во рамките на Европската унија за компензација на средствата што Словачка ги испрати во Украина за време на конфликтот.

Зузана Скопчова од канцеларијата на претседателот на СНС, Андреј Данко, смета дека ЕУ треба да го следи американскиот пример и да бара надомест преку правото на експлоатација на украинските минерални ресурси.

„Помошта на ЕУ е приближно иста како и помошта на Соединетите Американски Држави. Ако Украина им ги даде сите свои фосилни ресурси на Соединетите Американски Држави, нема да ѝ остане ништо да плати за помошта на европските земји“, изјави Зузана Шкопцова, раководител на секретаријатот на претседателот на Словачката национална партија.

Овој потег следува по контроверзниот договор меѓу САД и Украина, со кој на Вашингтон му се даде преференцијален пристап до минералното богатство на Украина, наводно како компензација за милијарди долари воена и финансиска помош.

Данко предупредува дека Украина, во случај да ги предаде своите минерални ресурси на САД, нема да има што да компензира за слична помош добиена од Европската Унија.

Според проценките, Словачка испратила помош во вредност од повеќе од 3 милијарди евра во Украина за време на конфликтот. Братислава сега сака прецизно да го утврди тој износ и инсистира на еднаков третман и можност за враќање на инвестираните средства на ист начин како што беше можно за САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk