Гласачките места на претседателските избори во Романија се затворија во 21:00 часот по локално време, а според резултатите од првите излезни анкети, градоначалникот на Букурешт Никушор Дан е на пат кон победа, објавува Digi24.
Анкетите по излез покажуваат дека Дан води со 54,9 проценти од гласовите, додека неговиот противник, евроскептичниот десничар Ѓорѓе Симион, има поддршка од 45,1 процент од гласачите.
По објавувањето на првите излезни анкети, Дан изјави дека „романското општество покажа огромна сила“, додека Симион рече дека „според проценките на неговиот тим, тој има 400.000 гласови повеќе“ од Дан, објави Ројтерс.
Официјалните резултати се очекуваат подоцна вечерва.
Како што објави Digi24, одѕивот на граѓаните го надмина одѕивот од 2014 година, а експертите наведоа дека токму одѕивот ќе го одреди новиот претседател на Романија.
Гласањето во дијаспората започна во петок во 7:00 часот наутро по локално време и заврши денес во 21:00 часот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата