logo
logo
logo

Серија силни земјотреси

Vecer | 24.05.2025

Серија силни земјотреси

Четири земјотреси го погодија Исланд во рок од еден час денес, објави Исландскиот геофизички институт.

Епицентарот на првиот земјотрес, со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала, кој се случи во 13:11 часот, бил 79 километри југозападно од Рејкјавик на длабочина од 12 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотрес со интензитет од 2,8 степени според Рихтеровата скала со епицентар во истото подрачје се случи во 13:16 часот. на длабочина од 11 километри.

Потоа, во 14:05 часот, следел земјотрес со магнитуда од 3,7 степени, а четврти земјотрес со магнитуда од 4,1 степен го погодил истото подрачје во 14:07 часот.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk