Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака упатена до британскиот премиер Кир Стармер на својата социјална мрежа Truth Social, во која коментираше за евентуалното британско воено вклучување на Блискиот Исток.

Трамп повторно го критикуваше Стармер. „Веќе не ни требаат“
Трамп изјави дека Обединетото Кралство, „некогаш голем и можеби најголем сојузник“, „конечно сериозно размислува“ да испрати два носачи на авиони во регионот, но во исто време јасно стави до знаење дека таквата помош повеќе не е потребна.
„Веќе не ни требаат“, напиша Трамп, додавајќи: „Ќе го запомниме тоа. Не ни требаат луѓе што се приклучуваат во војни откако веќе сме ги добиле“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата