Северна Кореја успеа да го подигне својот нов разорувач од класата „Чо Хјун“, кој се преврте за време на неуспешната церемонија на лансирање на 21 мај, соопштија американски истражувачи од програмата 38 Норт, која е посветена на анализа на Северна Кореја.
Комерцијалните сателитски снимки од 2 јуни го покажаа бродот во исправена положба за прв пат по несреќата во пристаништето Чонгџин на источниот брег на земјата, објави Ројтерс.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кој беше сведок на неуспешното лансирање на воениот брод од 5.000 тони, рече дека инцидентот „го нарушил достоинството на нацијата“ и најави строги казни за одговорните.
По инцидентот, неколку службени лица беа приведени, а Ким нареди бродот да се врати во употреба пред состанокот на владејачката партија овој месец.
Според извештајот, предниот дел на бродот е сè уште на копно и можно е сонарот да е оштетен.
Експертите од „38 Норд“ истакнуваат дека за поправката ќе биде потребно бродот да се премести на пловечки сув док или сув док, што бродоградилиштето Чонгџин во моментов не може да го обезбеди поради недостаток на потребната инфраструктура.
Бродоградилиштето, кое вообичаено произведува товарни и рибарски бродови, нема значително искуство со воени бродови од таа големина, додадоа воените аналитичари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата