Економските загуби од шумските пожари во Лос Анџелес, веројатно, повеќе од двапати се удвоија само во последниве 24 часа и сега изнесуваат близу 150 милијарди долари, процена е на американската мултинационална компанија за финансиски услуги Џеј Пи Морган, пренесува Си-ен-ен.
Осигурените загуби би можеле, според нивната пресметка, да надминат 80 милијарди долари, а таа цифра би можела да порасне во зависност од тоа кога пожарите конечно ќе се совладаат.
„Таквите загуби пожарот би го направиле двојно поголем удар за индустријата на осигурувањето од оној што претходно беше најскап пожар, во Бути Каунти кампот од 2018 година, кој индустријата на осигурувањето ја чинеше десет милијарди долари”, се наведува во извештајот.
Се истакнува и дека околу 15.000 куќи и згради досега се во ризик од пожарот, во однос на 13.000 колку што биле во средата.
Според процената на АП, досега во повеќето пожари што беснеат околу Лос Анџелес уништени се околу 10.000 згради, а потврдено е дека најмалку десет лица загинале.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата