logo
logo
logo

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНА МИСИЈА ВО ОРМУЗ, најави Франција

Vecer | 22.05.2026

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНА МИСИЈА ВО ОРМУЗ, најави Франција

Франција подготви нацрт-резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за воспоставување меѓународна мисија за враќање на слободата на движење во Ормутскиот теснец и би можела да ја поднесе доколку условите бидат поволни, соопшти денес француското Министерство за надворешни работи, додека САД се обидуваат да стават на гласање текст за кој Русија и Кина може да тврдат дека е пристрасен кон Техеран.

Нацрт-резолуцијата на САД и Бахреин за теснецот се разгледува повеќе од две недели, а гласањето беше одложено неколку пати бидејќи Кина и Русија сигнализираа дека можат да стават вето на неа, објави Ројтерс.

Нацрт-резолуцијата бара Иран да престане со нападите и бомбардирањата во теснецот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk