„Целата цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби ќе се случи нешто револуционерно и прекрасно, којзнае? Ќе дознаеме вечерва, во еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години уцена, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да ги благослови големите луѓе на Иран!“, рече Трамп во објавата на нејзината платформа Truth Social.

Трамп предложи да преговара со новото раководство во Иран, по „целосна промена на режимот“. Сепак, коментаторите често истакнуваат дека сегашната војна не го соборила иранското раководство.
Во претходен пост, тој се закани дека ќе го сведе раководството на Иран на „живеење во пекол“, нарекувајќи ги „лудаци“.

Во тек е масовно ракетирање и бомбрадирање на иранскиот остров Харг на кој се наоѓа клучната база за производство и дистрибуција на иранската нафта, околу 75-80% од нивниот извоз помиунува оттука, а САД и Израел вршат масовни напади и уривања на иранските патни и железнички мостови ширум земјата.
Ал Џезаира објави дека војната меѓу САД и Израел против Иран резултираше со широко распространето уништување на местата на неговото културно наследство, како и на образовните институции и научните и истражувачките центри.
Додека САД и Израел тврдат дека напаѓаат воени цели, податоците на иранската влада раскажуваат приказна за културна и научна загуба. Според извештаите на локалните медиуми, досега се оштетени најмалку 56 места на културно наследство, 30 универзитети и 55 библиотеки, објави Ал Џезаира.
Во интервју за Ал Џезира на 1 април, Реза Салехи Амири, иранскиот министер за култура и туризам, го опиша уништувањето за време на војната меѓу САД и Израел против Иран како „намерен и свесен напад“ врз иранскиот идентитет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата