logo
logo
logo

Орбан го замолчи целиот свет во неколку реченици: „Сакаме христијанска култура, училишта на национални темели, а не...“

Vecer | 29.05.2025

Орбан го замолчи целиот свет во неколку реченици: „Сакаме христијанска култура, училишта на национални темели, а не...“

Во говорот на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Будимпешта, Орбан рече дека патриотската агенда, за разлика од „провоената, либерална агенда, е првенствено фокусирана на мирот“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денес дека неговата земја не сака „нов источен фронт“ ниту членство на Украина во Европската Унија, додавајќи дека забрзаното пристапување на Киев кон ЕУ е „погоден изговор за воено-реорганизација на Европа“.

Во говорот на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Будимпешта, Орбан рече дека патриотската агенда, за разлика од „провоената, либерална агенда, е првенствено фокусирана на мирот“, пренесува MTI.

„Сакаме христијанска култура, училишта на национални темели, улици и населби без страв и сакаме да бидеме горди на нашите нации – тоа е планот на патриотите“, рече Орбан.

Тој додаде дека патриотите сакаат суверенитет и ги отфрлаат заедничките даноци и заедничките заеми, како испраќање „наши пари во трета земја во војна“.

Унгарскиот лидер, исто така, повика на заштита на слободите, велејќи дека „слободите на политиката, мислата и мислењето мора да им се вратат на луѓето“, додавајќи дека „сакаме да ја вратиме Европа од мигрантите“.

Орбан рече дека „најголемиот проблем со Брисел не е тоа што е управуван од либерални, прогресивни бирократи, туку тоа што е провоен (ориентиран)“, додека САД, како што рече, конечно се залагаат за мир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk