logo
logo
logo

ОВА НЕ Е БОСНА: Столтенберг открива што стои зад клучниот потег на НАТО во Украина

Vecer | 09.11.2025

ОВА НЕ Е БОСНА: Столтенберг открива што стои зад клучниот потег на НАТО во Украина

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, објаснува зошто НАТО не го затвори воздушниот простор над Украина во 2022 година, и покрај молбите на Володимир Зеленски.

Во своите мемоари „На мој надзор: како го водев НАТО за време на војната“, Столтенберг изјавил дека алијансата не сакала да ризикува избувнување на Третата светска војна, пишува „Сандеј тајмс“.

Тој опишал „болен момент“ во февруари 2022 година, кога морал да го одбие Зеленски, кој молел од бункер во Киев за воведување зона на забранети летови.

Зеленски потсетил дека НАТО претходно го затворил небото над Босна и Ирак, но Столтенберг одговорил дека тоа би значело напад врз руските системи за воздушна одбрана во Белорусија и Русија, што би довело до директна војна со Москва.

- Како што рече Бајден, тогашниот претседател на САД, нема да ризикуваме Трета светска војна поради Украина - нагласи Столтенберг.

Тој додаде дека е „исклучително болно да се заврши тој разговор“, знаејќи дека животот на Зеленски е во опасност.

Според него, сојузниците донеле две одлуки на 24 февруари - да ја зголемат поддршката за Украина и да спречат ширење на војната надвор од нејзините граници.

Столтенберг ја спореди ситуацијата со почетокот на Втората светска војна, кога САД не сакаа веднаш да се вклучат, туку само ѝ испорачуваа оружје на Велика Британија.

- Нашата цел е да избегнеме нов Перл Харбор - рече тој, додавајќи дека НАТО нема да испраќа војници ниту директно да влегува во конфликт со Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Москва „нема причина“ да војува со земјите од НАТО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk