logo
logo
logo

Унгарија размислува да купи РУСКИТЕ НАФТЕНИ КОМПАНИИ, објавија официјални лица

Vecer | 28.11.2025

Унгарија размислува да купи РУСКИТЕ НАФТЕНИ КОМПАНИИ, објавија официјални лица

За време на разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Кремљ, беше разгледана можноста Унгарија да купи акции во руски нафтени компании погодени од неодамна воведените санкции на САД.

Рускиот вицепремиер Александар Новак на прес-конференција изјави дека овие разговори не треба да бидат изложени на медиумско внимание, пренесува Спутник.

„Во принцип, таква тема постои и е дискутирана. Унгарија е наш сигурен партнер во енергетиката со години. Унгарските партнери моментално работат во таа насока, а многу зависи од деловните преговори. Затоа, овој процес треба да се одвива тивко, без медиумско внимание“, рече Новак, одговарајќи на прашањето на руските медиуми дали на денешните преговори била разгледана темата за потенцијално купување акции на руски нафтени компании од страна на Унгарија.

Средбата меѓу Путин и Орбан се одржа денес во Кремљ, а преговорите, на кои присуствуваше и Новак, каде што една од клучните теми беше снабдувањето со гас и нафта за Унгарија, траеја речиси четири часа.

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Гергељ Гуљас, претходно изјави дека се во тек дискусии за можноста унгарската компанија за нафта и гас МОЛ да купи удел во српската НИС.

Тој рече дека доколку се постигне договор, трансакцијата ќе биде „нормална пазарна операција“, но нагласи дека разговорите се во рана фаза, објави Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk